На ЕП настапуваа(т) 162 ракометари што играат и во Лигата на шампионите – Русија имаше најмногу!

Секоја репрезентација на Европското првенство во составот има барем еден играч кој настапува во Лигата на шампионите. А вкупната бројка е 162 играчи кој играат во ЛШ а се членови на своите репрезентации. Сепак настапите во најелитното натпреварување не се гаранција за добар резултат и репрезентативен план.

Русија има најмногу играчи кои играат во Лигата на шампионите, пет се од Европскиот шампион Вардар, четири од домашниот Чеховски Медведи, двајца од Мотор Запоржје и по еден играч од ПИК Сегед и Мешков Брест. Кокшаров во својот состав имаше 13 ракометари кои играа ЛШ од 16 колку што избра за ЕП.

Шпанија, Хрватска и Словенија имаа по 12 играчи кои играат ЛШ. Веднаш до нив е Португалија со 11 играчи и тоа сите од домашните Порто и Спортинг Лисабон. Франција и Норвешка имаат по десет играчи кои играат во ЛШ, а Данска седум.

Германија и БиХ по три ѕвезди од ЛШ во нивниот ростер. Дебитантот на првенството Летонија имаше дваца претставници и двајцата од Вардар, Даинис Кристопанс и Артурс Кугис. Единствениот репрезентативец на Холандија кој настапува во ЛШ е Нилс Верстеијнен.

Само три клуба од вкупно 28 колку што се натправаруваат во Лигата на шампионите не дадоа ниту еден играч во репрезентациите на ЕП. Тоа се Бидасоа Ирун, Савехоф и Татран Прешов.

Полскиот Келце е тимот кој даде најмногу репрезентативци, вкупно 12 во седум различни национални селекции. Од Кил на ЕП учествуваат девет играчи во осум репрезентации. Од Европскиот шампион Вардар седум играчи играа на ЕП во три репрезентации, а од вицешампионот на Европа Веспрем девет играачи настапија на Европскот првенство.