„На ЕП има доволно квалитетни репрезентации, наша цел е пласман меѓу најдобрите“

Еден од ривалите на македонската репрезентација на Европското првенство е олимпискиот првак Франција. Моќната Франција на континенталниот собир пред две години го освои второто место, додека во 2018 стигна до првиот златен медал на Европските првенства.

Сепак, моќната репрезентација на Франција, која секогаш остварува одлични резултати на големите натпреварувања, на Европското првенство ќе настапи со изменет состав за разлика од пред две години.

Една од најдобрите голманките на светот Клеопатра Дарле е оптимист за настапот на Европското првенство.

,,Како и секогаш, имаме одличен состав и во последните години остваривме добри резултати. Нашата главна цел се Олимписките игри, односно добар настап во Париз. Европското првенство е навистина многу тешко. Знаеме дека тука има доволно силни репрезентации. Нашата цел е да стигнеме меѓу четирите најдобри репрезентации и да освоиме медал“, изјави Дарле за L’Equipe.

Франција е во група со Македонија, Холандија и Романија. Ракометарките на Франција првиот дуел ќе го одиграат против Македонија на 5 ноември со почеток од 18:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.