НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Пред шест години, ЖРК Вардар ја освои првата бронза во Лигата на шампионите!

На денешен ден, пред шест години, тимот на ЖРК Вардар за првпат успеа да освои бронза на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Во „Ласло Пап Арена“ во Будимпешта, вардарки дебитираа на завршниот турнир, во полуфиналето беа поразени од Будуќност со 22-20.

Сепак во мечот за третото место избраничките на Индира Кастратовиќ, славеа над данскиот Митјиланд со 34-31.

Најдобри стрелци во вардаровиот состав беа Јулија Николиќ и Јованка Радичевиќ, кои постигнаа по шест голови.