На вечната листа на стрелци на ЕП се наоѓа и екс членка на Металург

На 4 ноември ќе започне Европското првенство, на кое Македонија заедно со Словенија и Црна Гора ќе бидат ко-организатори на континенталниот собир во женска конкуренција.

Титулата ќе ја брани репрезентацијата на Норвешка, која на Европското првенство (2020) во финалето ја совлада Франција со 22:20, додека 3. позиција ја освои Хрватска, откако во полуфиналето беше подобра од Данска со 25:19.

Агнес Фаркаш од Унгарија и Нора Мерк од Норвешка се единствените две ракометарки кои наградата за најдобар стрелец ја освојувале двапати. Агнеш Фаркаш беше најдобар стрелец на првото издание на Европското првенство (1994), кое се одржуваше во Германија. Тогаш Фаркаш постигна 48 погодоци, додека на Европското првенство во Данска (2002), исто така беше најдобар стрелец на континенталниот собир со 58 постигнати погодоци.

Репрезентативката на Норвешка, Нора Мерк беше прогласена за најдобар стрелец на Европското првенство во 2016 година со 58 погодоци, како и на шампионатот во 2020 година со 52 погодоци. Екс ракометарката на Металург, Катарина Крпеж Слезак на Европското првенство во 2018 година успеа своето име да го запише на вечната листа на стрелци и со 50 постигнати погодоци беше избрана за најдобар стрелец.

Вечна листа на стрелци на ЕП:

    1. Агнеш Фаркаш (Унгарија) – 48 (1994)
    2. Кјерсти Грин (Норвешка) – 48 (1996)
    3. Аусра Фридрикас (Австрија) – 68 (1998)
    4. Симона Гогирла (Романија) – 68 (2000)
    5. Агнеш Фаркаш (Унгарија) – 58 (2002)
    6. Бојана Радуловиќ (Унгарија) -72 (2004)
    7. Надин Крузе (Германија – 58 (2006)
    8. Лин Кристин Ригелхут (Норвешка) – 51 (2008)
    9. Кристина Неагу (Романија) – 53 (2010)
    10. Катарина Булатовиќ (Црна Гора) – 56 (2012)
    11. Изабел Гулден (Шведска) – 58 (2014)
    12. Нора Мерк (Норвешка) – 53 (2016)
    13. Катарина Крпеж Слезак (Србија) – 50 (2018)  
    14. Нора Мерк (Норвешка) – 52 (2020)