НАЈ НАЈ НАЈ…ГОЛ…Шраубата на Стоилов против Флензбург или „топот“ против Келце (ВИДЕО)

Во 2020 година иако сите натпревари кои беа планирани не беа одиграни, сепак, имаше голем број на убави погодоци.

Одлуката падна за најубав гол на врвот да се најдат два погодока на капитенот на Вардар и тоа на средбите од оваа сезона во Лигата на шампионите.

Стоилов имаше атрактивни голови против екипите на Флензбург и на Келце на домашен терен кои останаа забележани, а погодокот против тимот од Германија беше и најубавиот во колото.

Кој е поубав од нив останува на вас да пресудите и да го одберете. Сепак, и двата погодока заслужуваат свое место во оваа категорија на нај нај нај гол за 2020 година.

ШРАУБАТА НА СТОИЛОВ ПРОТИВ ФЛЕНЗБУРГ


СПЕЦИЈАЛИТЕТОТ НА СТОИЛОВ ПРОТИВ КЕЛЦЕ