Најтешкото за најдобрите: Начевски и Николов ќе им судат на Алборг и Магдебург

Неофицијалното светско клупско првенство во ракомет полека се приближува кон завршните битки.

Денеска се на програмата полуфиналните двобои во кои ќе има и тројца Македонци.

Првото полуфинале меѓу данскиот Алборг и германскиот Магдебург, кое се очекува да донесе многу возбудувања ќе го суди најдобрата двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Овој дуел се игра од 17:15 часот.

Второто полуфинале меѓу бразилскиот Пињеирос и шпанската Барселона ќе се игра од 19:30 часот, а таму делегат ќе биде Драган Начевски.