„Најлесно е да се откажеме, меѓутоа мораме да се вратиме на вистинскиот пат“

Стратегот на екипата на Металург, Иван Марковски се најде во тешка позиција после лошиот старт на екипата така што мораше да најде начин после четири порази да ја врати екипата во ритам. Успеа да го направи тоа после победата над Струга од 27:22, па сега и атмосферата во тимто на Металург е далеку подобра.

„Кога дојдов во Металург тоа беше во незгоден момент со сосема други играчи и сосема поинаква екипа. Направивме добра работа и го вративме Металург на патека за излез на Европа. Во ситуација во каква што дојдовме сега, како тренер не ми беше ова според мои амбиции. Со победничи менталитет не ми беше едноставно во тие четири порази. Најлесно е сега да се откаже. Познавајќи се себе нема да се откажам. Со цела мој ентузијазам и знаење ќе продолжам да го вратам тимот на вистинскиот пат. Со тренажен процес и наоѓање начин како да се крене екипата. Со полн капацитет да го вратиме повторно Металург каде што му е местото“, коментира Марковски за 24Ракомет.

Комплетната изјава и сите коментари на Иван Марковски можете да ги погледнете во продолжение.

Марковски смета дека кризата е минато: Во ниеден момент не сакав да се откажам, Металург ќе се врати на старите патеки