Најефикасниот Словенец има нов клуб

Најдобриот стрелец во историјата на репрезентацијата на Словенија, Лука Жвижеј има нова позиција за следната сезона и тој го презема водењето на тимот на Mарибор.

Стратегот кој беше на клупата на Целје во завршницата на сезоната откако Томаж Оцвирк доби отказ, сега има можност да работи во друг тим и да се обиде да го крене нивото на играта и формата на екипата од Марибор.

Жвижеј попиша договор на една година и ќе има тешка задача во сезоната која следува.