Најдобрата репрезентативка на Германија нема да настапи на ЕП во Македонија

Репрезентативката на Германија и членка на Ференцварош, десниот бек Алисија Столе ќе паузира одреден временски период поради повреда.

Раководството на унгарскиот тим ги информираше тамошните медиуми дека репрезентативката на Германија во натпреварот против Битингхајм во рамки од Лига на шампионите ја повредила левата рака.

Искусната ракометарка наскоро ќе биде оперирана и нејзиниот камбек на терените се очекува да биде за околу еден месец. Тоа значи дека Столе е неизвесна за настап на Европското првенство во ноември, кое ќе се одржи во Македонија, Црна Гора и Словенија.

Германија на континенталниот собир ќе игра во групата Д. Ривали на германската репрезентација се Црна Гора, Шпанија и Полска.