Најголемите арени во Германија трпат милионски загуби

Менаџерите на најголемите и најпознатите арени во Германија за медиумите во земјата зборуваа за кризата предизвикана од коронавирусот и загубите кои и трпат поради откажаните настани.

САП арената во Манхајм, каде што Рајн Некар Левен ги игра своите натрепвари во изминатиов период има намалување од 1,2 милиони гледачи што претставува огромен удар.

„Секој ден се соочуваме со кризата. Масовните настани нема да продолжат наскоро, ова  е најлошото сценарио кое можеше да ни се случи. 450 наши вработени се испратени на принуден одмор. Ако ситуацијата не се промени и не дојде до прекин на забраната за масовни настани ние ќе имаме загуба од 20 милиони евра“, рече менаџерот на арената Томас Гренке.

На него се надоврза и неговиот колега од Минхен, кој управува со Олимпијапарк.

„Олимпијапарк сега е достапен само за пешачење или џогирање. До крај.от на јули предвидуваме загуба од околу 10 милиони евра“, рече Тобиас Кохлер.

Во Германија сите масовни собири се забранети до 31 август што ќе придонесе огромни загуби бедејќи во арените не се одржуваат само спортски настани туку и многу други видови кои привлекуваат голем број посетители.