Начевски и Николов ќе им судат на Митревски и Порто

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за второто коло од Лигата на шампионите што ќе се игра следната недела.

Најдобрата македонска двојка Славе Николов и Ѓорѓи Начевски ја добија првата задача во најелитното натпреварување.

Тие ќе го судат натпреварот од групата Б меѓу Порто на Никола Митревски и Фленсбург, што се игра на 23 септември во „Драгао Арена“ од 20:45 часот.

Делегат на оваа средба ќе биде Марко Треспиди од Италија.