Начевски и Николов со прва задача на СП

Светската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за натпреварите од првото коло од Мундијалот што се играат од групите….

Најдобрата судиска двојка од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов ќе го судат натпреварот меѓу Бахреин и Тунис.

Овој дуел се игра во „Малме Арена“ со почеток во 18:00 часот, a Тунижаните се фаворити за триумф.

Делегат на овој натпревар ќе биде Драган Начевски. Во втората средба од оваа група играат Белгија и Данска.