Наумче Мојсовски е позитивен на коронавирус

Легендарниот македонски репрезентативец и поранешен член на Струга, Пелистер, Вардар и Металург – Наумче Мојсовски е позитивен на коронавирус.

Новиот директор на Агенцијата за Млади и спорт, се огласи на социјалните мрежи и ја потврди оваа информација.

Најважно е дека нема симптоми и се чувствува добро.

„Драги пријатели, Поради контактите кои ги имав изминатиот период поврзани со моите работни обврски, одлучив да се тестирам и добив позитивен тест на Ковид – 19. Во моментов немам симптоми, се чувствувам добро и ги следам препораките на мојот доктор. Чувајте се и почитувајте ги мерките. Пред нас се денови кои досега сме ги празнувале со пријателите, поширокото семејство, надвор од дома. Мојот апел до вас пријатели е да направите се` да го заштитите вашето здравје и здравјето на вашите најблиски. Да празнуваме одговорно!“, напиша Мојсовски.

Мојсовски до неодамна ја извршуваше функцијата претседател на неговиот матичен клуб Струга, а беше член и на Управниот Одбор на Ракометната федерација.

Но поради новата позиција во Агенцијата за млади и спорт, мораше да ги напушти другите две функции во Струга и РФМ.