Натурализацијата пак во мода: Романците со Иранци и Хрват ќе бркаат ЕП?!

Динамо Букурешт е на чекор до освојување на нова титула во домашното првенство, а клубот има многу успешна сезона и во Лигата на шампионите. За следната сезона тие добија покана за настап и во СЕХА лигата.

Играчкиот кадар кој го има Динамо е одличен, а потврда дека условите во Романија се многу добри е тоа што некои од странците изразија желба за настап за репрезентацијата на Романија.

Сепак, лошите односи на Динамо со федерацијата на Романија се чини дека се пречка за ова да се реализира.

„Разговарав со луѓето од федерацијата и им реков дека Хајдарирад, Мусави и Кудуз сакаат да играат за репрезентациајта на Романија. И ние наместо да ги привлечеме ние ги одбиваме. Кудуз има 24 години и многу време пред него да покаже што умее во дресот на Романија. Хајдарирад и Мусави исто така, јас го натурализирав Шпанецот Хавиер Хумет, но тој сега не сака да дојде во репрезентацијата. Можам да продолжам со вакви примери на успешна стратегија“, рече претседателот на Динамо, Даниел Георгеску.

Голманот Хајдарирад и пикерот Мусави се Иранци и имаат забележителни настапи во шампионот на Романија. Анте Кудуз беше на поширокиот список на Лино Червар пред ЕП, но конкуренцијата за репрезентацијата на Хрватска е огромна, па нема да чуди ако заигра во дресот на Романија.

Тест Галерија Металург Вардар

По одложените натпревари против Елверум и ПИК Сегед, ракометарите на Вардар ја одржуваат формата пред средбата со Фленсбург во Лигата на шампионите. Откако триумфираа против Бутел Скопје со 29-22, вечерва избраниците на Стевче Алушовски прославија победа и над големиот ривал Металург со убедливи 37-28.

Со оглед на тоа што Романија беше елиминирана од ЕХФ од трката за место на СП во Египет, прв голем настан во следниот период ќе биде Европското првенство во Унгарија и Словачка во 2022 година.