Натпреварот Охрид – Вардар од плеј-офот во Суперлигата ќе има хуманитарен карактер

Во борбата за титулата и местата во еврокуповите во плеј-офот од Суперлигата утре во салата „Билјанини извори“ Охрид ќе се сретне против Вардар.

Освен важноста на натпреварот овој натпревар ќе има и хуманитарен карактер затоа што собраните средства ќе бидат наменети за помош на Сузана Анчевска.

Сузана е сопруга и мајка на две малолетни деца, таа се бори со невробластом, а по година и половина на ред да се спроведе е третата последна фаза од битката. Третата фаза трансплатација на коскена срцевина која треба да се изведе во Турција.

Претходно и младите ракометари на ГРК Охрид повикаа на хуманост преку социјалните мрежи.

Сите граѓани кои се во можност може да донираат и на отворената сметка:

Сузана Анчевска Скопје – хуманитарна сметка

300001000026871 – Комерцијална банка АД Скопје