Натпреварот Металург – Пролет одложен, Суперлигата стартува со пет меча!

Според очекувањата, натпреварот од првото коло во Суперлигата меѓу Металург и Пролет е одложен, поради тоа што десет члена од експедицијата на Пролет што се врати од Шпанија се во изолација.

Тој двобој ќе се игра веројатно следната недела, а елитната конкуренција ќе започне со пет средби во четврток на 9 септември.

Првиот меч оваа сезона ќе се игра во Битола, а тоа ќе биде братскиот двобој меѓу Еурофарм Пелистер и Еурофарм Пелистер 2.

Во Скопје Вардар ќе го пречека новиот суперлигаш Скопје, додека Бутел ќе биде домаќин на Прилеп. Во Радовиш домашната екипа ќе игра со Струга, додека се очекува интересно да биде на дуелот меѓу Охрид и Тиквеш.

Суперлига, 1 коло, 9 септември:

17:00 часот, Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2
18:00 часот, Вардар – Скопје
18:30 часот, Радовиш – Струга
18:30 часот, Охрид – Тиквеш
19:00 часот, Бутел Скопје – Прилеп
одл. Металург – Пролет