Направени нови тестирања, сите репрезентативци со негативни резултати

Планот за тестирање до почетокот на Европското првенство продолжува да се извршува според зацртаното, а денеска беа направени нови Ковид тестови после кои беа добиени добри резултати.

Сите репрезентативци на Македонија и членови на стручниот штаб имаат негативни резултати на тестовите така што може да се одработуваат задачите без никакви проблеми и промени и да се одвиваат според зацртаното.

Ова значи дека и денеска сите ќе можат да настапат на втората контрола против Израел, па Лазаров одново ќе ги има на располагање сите ракометари на кои смета за Европското првенство и уште еднаш да ги види на дело момците на кои планира за овој јануари.

Инаку, според планот тестирања има на секои три дена, па тоа значи дека тестови ќе се прават и на 7, 10 и 13 јануари.

Македонија првиот натпревар на Европското првенство го има на 13 јануари од 18 часот, а противник е селекцијата на Словенија.