Нант ја продолжи соработката со Даматрин на уште една сезона

Раководството на Нант преку клупската страна на клубот соопшти дека ја продолжи соработката со левото крило Батрис Даматрин.

Младиот ракометар, кој има 22 години и кој ја дели минутажата со Валеро Ривера, во Нант ќе остане и во сезона 2023/24.

Даматрин во Нант пристигна во текот на 2018 година и својот прв професионален договор со клубот го потпиша во 2020.

На четирите одиграни натпревари на почетокот на новата сезона во Лига на шампионите постигна десет погодоци.