Нант најде замена за Кире Лазаров (ФОТО)

Екипата на Нант се подготвува за следната сезона и за позицијата десен бек каде очигледно нема да го има Кирил Лазаров. Во клубот доаѓа ракометарот на Иври, Линус Персон.

Швеѓанецот би требало да биде замена на Лазаров на оваа позиција и тој би требало да биде добро засилување. Персон имаше одлично претставување за време на Светското првенство во Eгипет.

На Мундијалот, Линус Персон настапуваше со број 26, а одигра пет натпревари на кои постигна 20 гола од 29 шута, а притоа на теренот мина 2 часа, 46 минути и 29 секунди.

Се работи за играч кој има неполни 28 години и кој веќе настапува во првенството на Франција така што добро му се познати условите во ова натпреварување така што Нант во него гледа десен бек на кој ќе може да смета во следните неколку сезони.