Нант и Лазаров бараат место во Лигата на шампионите!

Франција за догодина има само еден сигурен претставник кој е директно пласиран во Лигата на шампионите, а тоа ќе биде шампионот ПСЖ.

ЕХФ ќе има на располагање уште шест вајлд-карти, но ќе има тешка задача да ги додели. Втор француски претставник секако ќе биде меѓу тие што ќе добијат вајлд-карта, а веќе две екипи покажаа заинтересираност.

Второпласираниот Нант каде што игра Кире Лазаров по една година пауза посакува да се врати во елитната конкуренција, а истото го посакува и Монпелје, кој има две шампионски титули и можеби е во мала предност пред Нант.

Но француските тимови ќе имаат голема конкуренција за добивањето на вајлд-карти во унгарскиот ПИК Сегед, полската Висла Плоцк, белорускиот Мешков Брест, гермаснки тим, како и неколку скандинавски екипи.