Навивачи ги посетија миленичките во тренинг камп и ги изненадија

Шампионот на Романија, Рамницу Влчеа се наоѓа на подготовки за новата сезона, а ракометарките беа изненадени од страна на навивачите кои ги посетија за време на тренинзите.

Неколку членови на навивачката група се појавија на тренинг кампот и имаа интересен подарок за ракометарките така што на убав начин им посакаа лесни тренинзи и успешна сезона.

„Отидовме во тимкиот камп во Чејле Градиште за да им приредиме изненадување на ракометарките во овој тежок момент. Ова е најтешкиот момент за еден спортист и сакавме да им покажеме декасме со нив. Отидовме и затоа што минатата сезона заврши наеднаш без да можеме да уживаме во нова многу добра сезона направена од нашиот тим. Здружението на навицачите им додели на девојките маичка која беше специјално направена за нив“, велат на фејсбук навивачите на Рамницу Влчеа.

Екипата на Рамницу Влчеа се наоѓа на тренинг камп до 18 јули. Потоа ќе следуваат првите контролни средби. Закажани се за следниот викенд, но засега истите се под знак прашалник и сите ќе зависат од развојот на пандемијата на Ковид 19. Доколку властите донесат одлука дека можат да се одржуваат натпревари тогаш ќе има и натпревари.