„Му понудивме на Сагосен да дојде во Веспрем, ама не можевме да се ’тркаме’ финансиски со Кил“

Спортскиот директор на Веспрем, Ласло Наѓ, за унгарските медиуми, зборуваше за трансфер политиката на клубот, а откри зошто му беше раскинат договорот на Вуко Борозан.

Поранешниот репрезентативец на Унгарија откри дека биле заинтересирани во своите редови да го донесат Сандер Сагосен, но немале толку големи финансии за да се натпреваруваат со Кил.

„Ние бараме играчи кои го познаваат системот што го претставува Веспрем. Бевме заинтересирани да го ангажираме Сандер Сагосен, но тешко е да се натпреваруваш финансиски со Кил. Пазарот не нудеше други опции, па тогаш потпишавме договор со Николај Маркусен. Договорот со Вуко Борозан беше раскинат поради проблеми со однесувањето и недисциплината на играчот“, изјави Наѓ.

Поради неуспехот на домашна и меѓународна сцена, Веспрем се обидува да ги консолидира работите во клубот. Нов тренер ќе биде Момир Илиќ, кој ќе се обиде да го врати гигантот во добар правец.