Мустафа: Здравјето на играчите, судиите, делегатите, навивачите… е најважно во моментов

Првиот човек на ракометот во светот, д-р Хасан Мустафа упати соопштение до сите земји членки околу актуелната состојба.

Мустафа ги охрабри сите федерации да продолжат со нормално функционирање и информираше дека се следи ситуацијата и дека се очекува да може да бидат одиграни и квалификациите за Олимписките игри и Олимпијадата во Токио.

„Во сегашната ситуација нашата ракометна заедница и спортскиот свет како целина минуваат низ тежок период. Како претседател на ИХФ сакам да им посакам на сите членови на ракометната заедница да ја надминат оваа хуманост и несогласување со оваа невидена ситуација.

ИХФ е информиран за одлуката на федерациите и лигите ширум светот за прекин на своите активности. Ние ги поддржуваме и цениме препораките и одлуките на здравствените организации и Владите. Ова укажува дека нашите федерации му даваат приоритет на здравјето.

Сакам да ги уверам федерациите дека ИХФ ќе продолжи да ја следи состојбата и ќе биде подготвена за натамошно прилагодување кон сите неопходни мерки што ги надминуваат веќе преземените мерки за да се обезбеди здравје и безбедност на целата ракометна заедница.

Ќе одржиме блиска и транспарентна комуникација со сите федерации и другите заинтересирани страни и ги охрабрувам овие страни да поставуваат прашања и редовно да комунициаат со нас.

Би сакал да го известам ракометното семејство за најновите вести во врска со Олимписките игри. На 17 март бев дел од видео конференција со Томас Бах, претседателот на Интернационалниот олимписки комитет. Тој ме информираше дека се преземени сите превентивни мерки и рече дека подготовките за Олимписките игри во Токио за ова лето се во тек.

Во тој контекст би сакал да истакнам дека ИХФ е посветен на тоа да обезбеди олимписките квалификациски турнир за мажи и жени да се одржат во согласност со распоредот. Сепак, здравјето и безбедноста на сите тимови учесници и нивната придружба, официјалните лица, како и судиите, делегатите и навивачите е во прв план. Затоа беше донесена одлука квалификациите д се одлоѓат за во јуни. Точните датуми ќе бидат објавени откако ќе се процени развојот на ситуацијата со ширењето на вирусот.Што се однесува до летниот календар на настани, вклучувајќи ги и светските првенства за момчиња и девојчиња одлуката ќе биде донесена врз основа на актуелната ситуација“, стои во соопштението на претседателот на ИХФ, д-р Хасан Мустафа.