Муса пред реваншот со Вардар: Можеме да достигнеме четири негатива против Вардар

Мотивацијата за денешниот дуел меѓу ППД Загреб и Вардар, која е присутна кај вардарци е присутна и кај домашниот тим и ова е најава за големи возбудувања вечерва кога следува реваншот.

На првата средба одиграна во Скопје тимот на Вардар дојде до победа од 24:20, па овој резултат ќе треба да се одбрани така што е сосема извесно дека следуваат возбудувања на теренот.

„Не го заслуживме поразо од четири разлика на првата средба и мислам дека со своите грешки му ја подаривме победата со така висока разлика на Вардар. Доста добро сме подготвени за реваншот. Видовме каде грешевме и што можеме и мораме многу подобро. Одбраната беше одлична иако сигурно има уште место за напредок. Секако, мораме да одиграме пдообро во фазата на нападот и да биде похрабри на тереноте. Ова е резултат кој може да се достигне, а оваа екипа може да ги надомести овие четири разлика и да се пласира на Ф4 турнирот во Задар“, вели Муса.

Победникот од овој двобој кој почнува од 20 часот ќе го затвори списокот на четири учесници на завршниот турнир во Задар каде што е сосема извесно дека ќе има големо надигрување во текот на сите 60 минути.