Мулти Есенс како на тренинг против Бисинов, запиша убедлив триумф!

Ракометарите на Мулти Есенс продолжуваат со 100% учинок во дебитанската сезона во Првата лига и на гостувањето во Велес кај Бисинов без многу проблеми запишаа убедлива победа од 47:24.

Избраниците на Ангеловски натпреварот го решија уште во првото полувреме, кое го добија со 14 гола разлика, 24:11.

Вториот дел беше повеќе формалност и шанса за останатите ракометари од клубата кај двата табора.

Најефикасни во победничката екипа беа Димитар Узунчев со 11 и Михајло Костовски со осум погодоци. Во поразениот табор најрасположен беше Панче Ристевски со осум реализации.

Мулти Есенс на 14 натпревари оствари исто толку победи, додека Бисинов во досегашниот тек од прволигашката конкуренција запиша само две победи и едно реми.