„Мојот син во Вардар доби можност да игра врвен ракомет“

Оваа сезона во Вардар, покрај капитенот Стојанче Стоилов, на пивотменската позиција играа уште тројца ракометари – Глеб Калараш, Сергеј Горпишин и Домен Сикошек Пелко.

Горпишин, кој е син на легендарниот руски репрезентативец Вјачеслав Горпишин, потпиша договор на две години, но не успеа да ги покаже своите квалитети.

„Сметам дека мојот син веќе созреа за лидерска улога, но се уште му недостигаат натпревари на високо меѓународно ниво. Во оваа сезона во Вардар тој доби можност да тренира со ракометари од врвна класа. Повредата на менискусот не му дозволи да заигра на ЕП. Мене не ми се допаѓа што тој е молчалив, со никого не зборува за проблемите, не бара совети. За трансферот во Вардар се договоривме уште за време на СП 2019 година – јас, Сергеј и Кокшаров. Тој имаше две понуди од Бундес лигата, но тој одлучи дека најдобрата варијанта за него е да оди во Скопје“, вели Вјачеслав Горпишин за рускиот „Брз Центар“.

Во ситуација кога не е јасно каква ќе биде финансиската состојба во Вардар за следната сезона, неизвесно е и останувањето на Горпишин, иако има договор на уште една сезона.