Мораес има нов клуб – ќе тресе мрежи за Бенфика!

Како што најави 24Ракомет пред две недели, а денеска потврди португалскиот “О Жого”, екс ракометарот на Вардар, Рожерио Мораес Фереира ќе се пресели во Португалија.

Тој потпиша договор со амбицизониот состав на Бенфика, кој ќе атакува на шампионската титула во Португалија.

Бразилскиот репрезентативец замина од Веспрем две години пред истекот на договорот, наводно поради семејни причини. Но во позадина на ова заминување стојат високите финансиски примања на кружниот напаѓач, a малиот придонес во играта на унгарскиот тим.

Мораес е петтото засилување за Бенфика, по левото крило Јонас Калман, десните бекови Демис Григорас и Тадеј Кљун, како и пикерот Алексис Боргес.