Мораес заминува од Веспрем, следна станица Спортинг или Бенфика?

По Вуко Борозан и Данил Шишкарев, уште еден екс вардарец нема повеќе да биде дел од унгарскиот гигант Веспрем.

Станува збор за кружниот напаѓач Рожерио Мораес, кој како што објави клубот на веб-сајтот нема да се врати во Унгарија по Олимписките игри и покрај активниот договор.

Бразилецот наводно поради семејни причини нема да го продолжи престојот во Веспрем, но според информациите кои кружат проблем за Унгарците е неговиот мал учинок за високата плата што ја добива.

Веќе има понуди за продолжување на кариерата – од два од трите најдобри португалски клуба Бенфика и Спортинг Лисабон.

Веспрем останува со Андреас Нилсон и Блаж Благотиншек на пикерската позиција, но во најскоро време би требало да ангажира и трет кружен напаѓач.