„Момците од репрезентацијата ми се смеат бидејќи немам Инстаграм“

Белоруските медиуми во еден необичен прооект ги прашуваат познатите спортисти што сè имаат во нивните телефони. Ова е навистина интересна тема и многу фанови сигурно ќе ги интересира.

Еден од најдобрите играчи во репрезентацијата на Белорусија, Борис Пуховски  беше дел од оваа анкета и сподели што може да се најде во неговиот телефон при што кажа доста интересни детали.

„Момците од репрезентацијата ми се смеат бидејќи немам Инстаграм. Пред некое време го имав инсталирано но тоа беше затоа што сопругата имаше профил. Јас не сум фан на Инстаграм, користам други социјални мрежи каде што има повеќе информации. Телефонот го користам еден ипол до два часа дневно, наутро кога ќе станам 15-20 минути и за време на ручекот. Воглавно следам ракомет и забава, фотографии и видеа што можат да ве расположат. Јас не објавувам никакви информации но гледам што другите објавуваат. По правило моите пријатели се луѓе кои знаат што е тоа ракомет“, реше Пуховски.

Борис Пуховски е еден од главните играчи и во Мотор Запорожје и во репрезентацијата на Белорусија.