Младост донесе нов голман – потпиша Александар Мицев

Тимот на Младост по интернационалните засилувања, Никита Лошчаков и Николај Гончаров, донесе уште еден играч.

Станува збор за голманот Александар Мицев, кој есенската полусезона ја мина во Тиквеш од Кавадарци.

Мицев потекнува од Неготино, освен за кавадаречкиот тим, ја чуваше мрежата и на составот на Радовиш.

Тој ќе биде поддршка за Горан Паунков и Ристе Пешков на голманската позиција во Богданци и ќе се обиде да му помогне на тимот да обезбеди опстанок во елитното друштво.

Младост ќе се бори за опстанок во Суперлигата со Тиквеш, Работнички, Радовиш, Голден Арт КЛ7, Астраион, Јуниор Кисела Вода и Прилеп.