Младост го скрши отпорот на Работнички за втор триумф, но остана на дното

Ракометарите на Младост 1977 ја остварија втората победа од групата Б во Супер лигата против Работнички во натпревар кој ништо не менуваше. Тимот од Богданци славеше победа со 35:27.

Во поголемиот дел натпреварот беше израмнет. На почетокот на водството од 1:0 на Младост, Работнички возврати со серија од три гола и го презема водството, но и тоа беше накратко.

Младост не дозволи противникот да се одлепи, а во продолжение екипите го менуваа водството и најчесто беше еден позитива за еден од тимовите. Во завршницата на првото полувреме домашниот тим обезбеди предност од 16:14.

Во второто полувреме продолжи неизвесноста, Работнички успеа повторно да стигне до израмнување на 20:20, но не успеа да поведе. Следуваше серија на Младост со која за првпат една екипа имаше посериозна предност од 26:21. Ова беше клучниот период за победникот на натпреварот. Во завршницата богданчани стигнаа и до највсока предност од седум која беше и конечен резултат.

Најефикасни во составот на Младост беа Александар Лупашко и Митко Стоилов со по осум гола, додека Никола Димитров беше втор стрелец со пет погодоци. Во составот на Работнички, Тоше Ончев беше убедливо најефикасен со десет гола. Ова беше последен натпревар за Младост кој останува на последната позиција на табелата, а Работнички има уште еден натпревар против Грк Тиквеш в недела.

25 декември 2020
35 - 28
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
25 декември 2020 20:39 СУПЕРЛИГА Б 2020/2021 25.12.2020 60'

Место

Спортска сала „Млаз“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
МЛАДОСТ 19771635Победа
РАБОТНИЧКИ1428Пораз

МЛАДОСТ 1977

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Ристе Пешковголман00
3Саша Михајловиќцентрален бек12
4Димитар Пеевлево крило00
7Илија Диновлево крило05
12Горан Паунковголман03
13Никола Роглевдесен бек02
17Иван Стојчевскидесно крило11
18Александар Лупашколев бек08
19Митко Стоиловлев бек08
23Мартин Фидановпивот21
23Антонио Николоски-00
25Илија Чрчев-00
28Горан Лисичковцентрален бек00
32Никола Димитровдесно крило05
 Вкупно 435

РАБОТНИЧКИ

# Играч Позиција Исклучување Голови
Марко Џепароскидесно крило04
7Ален Ќосевскидесно крило00
9Дамјан Јакимовскидесно крило00
10Давид Димескилев бек01
12Јоаким Ангеловскиголман00
13Енес Идризилев бек00
19Кристијан Анѓелковскипивот11
20Антонио Николовскилев бек11
21Давид Савревскидесно крило22
23Тoше Ончевцентрален бек010
25Стефан Добревскилево крило04
28Петар Виларовголман00
33Стефан Крстевскицентрален бек01
55Стефан Атанасовскипивот02
77Ѓорѓи Дукадесен бек02
99Васил Гоговголман10
 Вкупно 528

Officials

Судии:Делегат:
АНДОНОВ ВИКТОР
ЈОВАНОВСКИ СТОЈАНЧО
НАЧЕВСКИ МАРЈАН
ПозЕкипаНПРЛБ
1ВАРДАР 196114130139
2ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР14130139
3БУТЕЛ1480624
4ПРОЛЕТ1471622
5ГОЛДЕН АРТ1452717
6ПРИЛЕП14311010
7МУЛТИЕСЕНС1430119