Младинското Европско првенство пред откажување?!

ЕХФ најави одложување на Европското првенство за ракометари до 20 години од јули за во август 2020 година без да се консултира со организаторите Австрија и Италија.

Овие две земjи се едни од наjголемите жаришта на коронавирусот во Европа, па не е исклучена можноста организациjата да биде доделена на други држави.

„Новите датуми кои ги одреди ЕХФ не се соодветни за организаторите. Наоѓањето алтернативни термини сега е исклучително тешко. Изненадени сме од ставот на ЕХФ, затоа што, според договореното, требаше да одредиме нов терним до 2 април “, велат од федерацијата на Австрија.

Европското младинско првенство беше преместено од ЕХФ од 2-12 јули 2020 година за 13-23 август 2020 година.

Со последната одлука на ЕХФ е доведено во прашање одржувањето на Европското првенство и останува неизвесно дали организаторите и ЕХФ ќе најдат решение за овој проблем.