Охрид носи десно крило – доаѓа Мице Шилегов

Тимот на Охрид е многу блиску до ангажман на поранешниот младински репрезентативец Мице Шилегов. Според информациите на 24Ракомет, десното крило би требало во новата сезона да се пресели покрај езерото и да стане „гладијатор“.

Шилегов освен за матичниот Металург, досега нема настапувано за друг клуб, па ова би било прва промена за него во кариерата.

Охриѓани досега ги продолжуваат договорите со играчите што и лани беа дел од клубот, а сега ќе почнат да ги промовираат и новите засилувања.

Соработките ги продолжија голманот Јагош Брауновиќ, левото крило Крсте Андоновски, пикерот Иван Тасески, десниот бек Филип Николов, левиот бек Мартин Манасков, a заминаа десниот бек Денис Тот и пикерот Игор Чагаљ.

Охриѓани имаа 12 од 12 во првиот дел од ланската сезона, но потфрлија во пролетниот дел од сезоната и останаа без место во европските купови.