Михајловски е реален: Немам илузии дека Вардар лесно ќе ги повтори резултатите, но ќе бидеме секогаш во врвот

Поранешниот претседател на РК Вардар кој повторно треба да го превземе управувањето со двојниот европски првак најави дека е свесен дека тешко ќе се повторат резултатите на европски план, но челта е клубот да биде стабилен и постојано во Топ-8, а со малку среќа може повторно на Ф4.

Тој во интервју за спортското радио 90,3 ФМ кажа дека „преголема е желбата за Вардар и сакам со мирна совест да кажам дека сум се обидел се. Се надевам дека ќе ја биде работата. Имам контакти со доста компании и верувам дека дел од нив ќе му помогнат на Вардар, изјави Михајловски…

Тој потврди дека поголем дел од играчите искажале подготвеност да останат, но..
„Во принцип голем дел од нив покажаа желба да останат во клубот, јас би рекол дека оние кои ќе бидат „флексибилни“ во однос на висината на договорите ќе останат, а оние кои мислат дека ќе можат да продолжат да играат и да ги заработуваат истите пари како и досега, за нив веќе ќе нема место во Вардар. Сега сме во фаза на наоѓање на спонзори и формирање на одредена финансиска конструкција, а наскоро ќе седнеме со ракометарите на маса и ќе пресечеме кој од нив ќе остане, а кој ќе си замине од клубот“, истакна Михајловски.

Во однос на играчите и засилувањата најави дека секогаш сакал во тимот на има барем половина домашни, Македонци. Така е биде и сега. Некои играчи ги продолжија договорите, а со некои репрезентативци кои сакаат да дојдат ќе се разговара. Иако имаше финасиски проблеми досега и дел од играчите се нецелосно исплатени сега со доаѓањето на Михајловски повторно се создава атмсофера на стабилност.

На масата на Михајловски има многу понуди за засилувања но тој први би сакал да разговара со сегашниот состав и да ги задржи оние што се подготвени да останат, нормално со делумно намалени плати. Вардар сезонава нема да има шанса да ја брани европската круна бидејќи ЕХФ административно реши на Ф4 да играат првите две екипи од двете групи од регуларниот дел. Останува можноста да се игра на Ф4 во СЕХА лигата, а тму треба да се одигра реваншот со Нексе.