Митревски: Не сме толку лоши, за да губиме по десет разлика…

Репрезентацијата на Македонија загуби и во третото коло од Светското првенство во Полска и Шведска од селекцијата на Аргентина со убедливи девет гола разлика, 35-26.

Голманот на Македонија, Никола Митревски истакна дека македонската репрезентација не е толку лоша за да губи по десет гола разлика.

„Дека сакавме да покажеме, посакувавме, бидејќи повеќе од месец дена се подготвувавме за Мундијалот. Треба да анализираме, да видиме каде е проблемот, бидејќи не сме толку лоши за да губиме по десет разлика. Треба да провериме зошто изгледаме вака на терен. Се надевам дека во ,,Президент Купот” ќе се претставиме во подобро светло”, изјави Митревски.

По овој висок пораз, на Македонија и останува да се бори за пласман од 25 до 32 место на Мундијалот и ќе разигрува во Плоцк.

БЛАМАЖА за крај – Македонија понижена од Аргентина!