Митревски перфектен – голем триумф на Порто над Спортинг за десет од десет!

Тимот на Порто ја забележа десеттата победа во португалскиот шампионат, откако славеше во дербито над Спортинг Лисабон.

Предводен од Никола Митревски, Порто во вториот дел го скрши отпорот на Спортинг и на крајот победи со 27-33.

На голот на Порто стартуваше Кинтана, тогаш домашниот тим го диктираше темпото и водеше со три голови разлика, но во 20. минута на теренот влезе Митревски и собра неколку одбрани во серија.

Порто стигна до реми, 14-14 на паузата. Во второто полувреме продолжи одличната партија на македонскиот репрезентативец и неговиот тим создаде залиха од пет голови, која успешно ја одржуваше до крајот.

Митревски имаше 14 интервенции за четириесетина минути на теренот oд 27 упатени удари кон неговиот гол или 51%. Порто сега има десет победи на десет меча и натпревар помалку од лидерот Бенфика, која досега забележа 11 победи.

В четврток, Порто гостува кај ПСЖ, а веќе идниот викенд го чека ново дерби со Бенфика.