Митревски не се враќа во Вардар – продолжува во Порто

Репрезентативниот голман Никола Митревски по само една сезона си замина од Еурофарм Пелистер. Имаше повеќе опции за продолжување на кариерата, а двете кои останаа во најтесен избор беа – Вардар и Порто. Пред една седмица Митревски потврди дека требало да се види со претседателот на вардарци, Михајло Михајловски и да реши дали би се вратил во Вардар.

Сепак битолчанецот нема по втор пат да го гледаме во дресот на европскиот шампион, туку ќе се врати во Португалија, каде што две сезони со успех го бранеше голот на Бенфика. Тој го информирал Михајловски дека веќе имал потпишано предоговор со португалскиот тим и дека е решен повторно да се врати во Португалија.

И португалските медиуми потврдија дека Митревски има потпишано преддоговор со португалскиот претставник во Лигата на шампионите и португалските медиуми само ја потврдуваат веста на 24Ракомет од пред две седмици дека е блиску да биде замената за австрискиот репрезентативен чувар на мрежата Томас Бауер.

Лани Митревски се врати од Романија и потпиша за Еурофарм Пелистер и настапуваше со екипата во СЕХА Лигата и Лигата на шампионите. Со репрезентацијата на Македонија настапи на последните големи натпреварувања на ЕП и СП.