Митревски и Тодоровски ќе им судат на Ристовска, Лекиќ, Пино, Радичевиќ…

Арбитрите од Битола со значката на ЕХФ, Димитар Митревски и Благојче Тодоровски викендов ќе бидат дел од интересен натпревар на кој ќе се соочат тимовите на Будуќност и ЦСКА Москва.

Ова е двобој на Андреа Лекиќ, Јованка Радичевиќ, Алисон Пино… од едната страна и Сара Ристовска од другата.

Оттаму оваа пресметка ќе биде интересна и ќе го привлече вниманието. Покрај тоа ќе има македонска арбитража што значи дека ќе биде дополнително возбудливо на теренот во Подгорица.

Натпреварот е закажан за во 18 часот в сабота.