Митревски и Тодоровски со нов предизвик во Лигата на Европа

Европската ракометна федерација ги делегираше официјалните лица за петтата рунда во Лигата на Европа.

Македонската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски ќе имаат нова задача, откако вчера го судеа дербито меѓу Кадетен Шафхаузен и Бенфика.

Тие ќе бидат арбитри на дуелот меѓу шпанскиот Бенидорм и бундеслигашот Фленсбург на 6 декември од 20:45 часот.

Фленсбург неочекувано загуби кај шведскиот Иштад, додека Бенидорм направи изненадување и славеше кај Ференцварош во четврото коло.