Митревски доби конкуренција од Данска (ФОТО)

Екипата на Порто си најде нов голман, а со тоа Никола Митревски добива конкуренција за следната сезона од Данска.

Станува збор за Себастијан Франдсен кој доаѓа од редовите на Холстебро, а има 26 години. Тој во својата кариера има настапи за неколку екипи од Данска, а од 2018 година е дел од тимот на Холстебро.

Претходно, Франдсен бранеше за тимовите на Есбјерг и Бјеринбро Силкеборг. Во кариерата има настапи за младинските селекции. Во 2013 година има златен медал на Светското првенство за кадети, а тогаш е прогласен и за најдобар голман на турнирот.

Сепак, големата конкурнеција за голот на Данска не му овозможи да се пробие како сениор, па секогаш е во позадина.

Со тимот на Порто се договори на соработка од две години и ќе има тешка задача да се избори за место за голот заедно со Никола Митревски.