Митков му донесе нова победа на Холабрун

Поранешниот македонски репрезентативец Влатко Митков одлично се снаоѓа во двојната улога играч-тренер во австрискиот Холабрун.

Неговиот тим забележа нов триумф, четврти во пет натпревари, откако на домашен терен славеше против Фиверс 2 со 29-27.

Десниот бек беше прв стрелец и постигна седум голови од 12 обиди, а подели и пет асистенции до соиграчите.

Холабрун е прв на табелата во Втората лига, а следниот предизвик ќе го има на гостински терен кај Корнебург.