Миркуловски и Вецлар со триумф одат на зимски распуст

Македонскиот интренационалец во Бундес лигата Филип Миркуловски со својата екипа Вецлар со победа заминуваат на зимската пауза.

Вецлар на гостински терен, со пресврт во вториот дел славеше победа со 29:36 против составот нс Есен, а по првото полувреме имаше негатива од 16:15.

Првиот дел беше доста израмнето, двете екипи имаа добри периоди, но водството најчесто беше еден или два гола.

Есен добро го отвори вториот дел и направи предност од пет гола. Сепак Вецлар во последните 15 минути успеа да направи пресврт и да стигне до нови бодови.

Филип Миркуловски имаше минутажа на дуелот и постигна два гола од четири обиди. Со оваа победа Вецлар се искачи на седмата позиција на табелата со 17 бода.