Миркуловски и Вецлар одиграа пријателски натпревар против Украина

Украинската репрезентација поради суспензијата не игра официјални натпревари, па во овој период ја одржува формата со пријателски натпревари.

Машката репрезентација на Украина во Германија одигра тренинг натпревар против тимот на Филип Миркуловски, Вецлар.

Натпреварот бил од затворен тип, па така не се соопштени повеќе информации освен конечниот резултат, 32:34 во корист на репрезентативците на Украина.

Покрај натпреварот со Вецлар претходно Украинците одиграа и натпревар со екипата на Родгау од третата германска дивизија.