Миркуловски доаѓа во Скопје со голема победа во Бундес

Репрезентативецот на Македонија и помошник на Кирил Лазаров, Филип Миркуловски ќе дојде на подготовките за последните два дуели од квалификациите за ЕП со голема победа во Бундес лигата, откако Вецлар обезбеди триумф на гостувањето кај Нордхорн со 30:29.

Тој беше стрелец на два гола во триумфот против Нордхорн со што имаше свој придонес во триумфот и значајните поени со кои тимот на Вецлар сега дојде до 6. позиција што е најава за атак на местата кои водат во Лигата на Европа.

Миркуловски продолжува со стандардната игра и форма така што ова може само да радува и пред репрезентативните настапи. Доколку биде потребно тој секако ќе им помогне на колегите, а од неговата игра секако ќе зависи и формата која ќе ја има и националниот тим.

Тоа најдобро се виде и на првиот дуел против Данска кога имаше одлична партија во големата победа.