Миркуловски во големото друштво – во трка за најдобар среден бек на сите времиња во Вецлар

Еден од најдобрите ракометари кои Македонија ги имала некогаш на позицијата среден бек, Филип Миркуловски се најде во најтесна конкуренција во изборот на најдобар играч на оваа позиција во редовите на Вецлар.

Миркуловски се најде во друштво на Ивано Балиќ, Маркус Баур, Небојша Голиќ, Тимо Залцер и Сигурдур Бјарнарсон.

Од сите играчи кои се во конкуренција активен во тимот на Вецлар е само Миркуловски, кој имаше одлична сезона со клубот пред да биде истата прекината. Тој се докажа како одличен лидер на теренот така што го заслужи местото во најдобрата шестка на позицијата среден бек.

Имате шанса и вие да гласате и да му помогнете на Миркуловски да стане најдобриот среден бек на Вецлар на сите времиња. За да го направите тоа треба да отворите постот во продолжение и да одигра во коментари и да го дадете гласот покрај името на Филип Миркуловски.