„Мириса“ на местенка – ракометарите на ГОГ и нивните семејства добиле над 35 повици од косовски броеви!

Натпреварот помеѓу Кадетен Шафхаузен и ГОГ од Лигата на Еворпа кој го доби швајцарскиот тим со голем пресврт во завршницата и понатаму привлекува внимание особено во данските медиуми.

Големиот пад на коефициентот за „кец“ на натпреварот од првото коло во Лигата на Европа и големите уплати на домашна победа, ги алармираше службите за следење на вакви нерегуларности.  Коефициентот за победа на Кадетен беше 2.05, а на неколку часа падна на 1.35 поради големите уплати, па обложувалниците решија да го блокираат или да примаат само сингл уплати.

Натпреварот беше под истрага за местење, а тука се вклучени и судиите кои доаѓаат од Косово. Во деновите пред натпреварот тренерот на ГОГ и неговиот татко добивале повици од непознат број со префикс на Косово.

Тие сепак одлучиле да одговорат, но од другата страна не се јавувал никој. Според тренерот на ГОГ влијание за поразот на неговиот тим имаат и судиите кои на натпреварот имале многу чудни одлуки и тој е убеден дека натправарот е намесетен од трети лица. Вкупно ракометарите, тренерот и нивните блиски добиле над 35 повици од сомнителни броеви со префикс на Косово.

Данската телевизија ТВ2 Спорт оствари контакт со едниот од судиите на натпреварот, Ердоан Витаку, а тој ги отфрли сите сомнежи дека мечот кој го судел бил наместен.

„Бев шокиран кога ја видов веста дека сме осомничени за местење. Ние немаме направено никогаш толку глупаво нешто и нема да направиме. Не вреди. Натпреварот беше неизвесен и добар каде што двете екипи можеа да победат а Шафхаузен беше посреќен. Доколку имавме земено пари секако дека поинаку ќе го судевме мечот. Судијата кој сака да победи некој тим нема да чека до последната секунда“, рече Витаку за ТВ2 Спорт.

Истрагата на ЕХФ не покажала дека има нешто сомнително во врска со натпреварот Кадетен – ГОГ, сепак од европската куќа на ракометот информираат дека ќе биде отворена нова истрага особено што дури сега проговорија играчите и тренерот на ГОГ. Од овој дуел на 20 октомври судискиот пар од Косово не судел европски натпревар.

Ќе се води истрага: Дали имаше наместен натпревар во групата на Еурофарм Пелистер?!