Минус три за Металург на полувреме во Франција против Тулуз

Металург има негатива од три гола. после првите 30 минути во Франција на дуелот против Тулуз. Домашните водат со 18:15 откако казнија неколку грешки на „металурзите“, кои во обид да дојдат до брзи погодоци имаа и грешки.

Од почетокот на средбата Металург беше рамноправен противник и имаше игра која даваше надеж за подобар резултат. Сепак, не одеше сè според планот. Првпат два гола предност тимот на Тулуз имаше во 7. минута кога резултатот беше 5:3.

Потоа оваа разлика се одржуваше до средината на полувремето кога Тулуз првпат поведе со три гола, 9:6. Брзо потоа водството дојде и од 11:6, но тука дојде до консолидирање во играта на Металург, па ракометарите успеаја да се вратат така што во 22. минута беше 13:11.

Во продолжение одново неколку грешки придонесоа за тимот на Тулуз да се врати на најголемата предност од пет гола и имаше 17:12 на три минути до крајот на првото полувреме. До крајот на првиот дел Металург успеа да стигне до намалување на негативата на три гола и на пауза да има 15:18.

Одлично во првиот дел одигра левото крило Милан Поповиќ кој имаше седум погодоци, додека Тарабокија го заврши првиот дел со четири гола. Во тимот на Тулуз шест гола имаше пивотот Хенрик Јакобсен.