Niclas Vest KIRKELØKKE (03), Marko MISHEVSKI (97), and Martin VELKOVSKI (04) during the handball match North Macedonia vs Denmark, Men’s EHF EURO 2022 Hungary, Slovakia, Debrecen ,Hungary, 17.01.2021, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Минатата година ја ,,уништи“ Македонија, сега ќе биде џокерот во Данска!

Според информациите на данската телевизија „ТВ2″, селекторот на Данска, Николај Јакобсен дополнително повикал нов ракометар за Светското првенство кое моментално се одржува во Полска и Шведска.

Поради повредата на левиот бек Рамус Лауге, стратегот на Данска пред неколку дена упати повик до Михаел Дамгард.

Сепак, за поголема ротација на бековските позиции, дополнително беше повикан Никлас Киркелоке, кој е веќе пристигнат во Малме.

Членот на Рајн Некар на Европското првенство 2022 против Македонија ја одигра една од најдобрите партии на големите натпреварувања и во мрежата на „црвено жолтите” постигна девет гола.

Данска веќе обезбеди пласман во четвртфиналето, а вечерва избраниците на Јакобсен во последното, трето коло, од групната фаза ќе играат против Египет.