Минатата година ја молеше за дрес, а сега игра со неа во иста екипа

На последниот натпревар во Лигата на шампионите против Савехоф, тренерот на Будуќност Драган Аџиќ, можност за настап и даде на ракометарката од младинскиот тим Наѓа Кадовиќ. Таа има само 16 години и веќе дебитираше во најдоброто екипно европско натпреварување.

За Кадовиќ веројатно ова беше исполнување на нејзиниот сон да игра со своите идоли во Лигата на шампионите. Таа минатата година ја молела Милена Раичевиќ да го добие нејзиниот дрес, а после само една година играше со неа во ист тим. После дебито младата ракометарка ги сподели впечатоците.

„Ниту првит, ниту вториот шут не успеав да ги реализирам. Малку брзав на почетокот, но се смирив ја вклучив главата и се беше подобро. Игравме лошо во првото полувреме против Савехоф, но во втроиот дел се одеше во наша корист. Не се исплашивме и одевме на сè или ништо и добивме сè. Секој совет од тренерот и играчите вреди злато за мене, сите знаат повеќе од мене и се трудам да впивам се како сунѓер. Разговарав баш со Милена Раичевиќ колку ја молев минатата година за нејзиниот дрес, а сега сум со нејзе во екипа“, изјави Кадовиќ.

Во наредното коло од Лигата на шампионите Будуќност е домаќин на Ѓер и се очекува вистински спектакл во „Морача“.