Милош Стојановиќ е МВП, a Стефан Ѓоргиевски најдобар стрелец на пионерскиот Ф4

Во Олстар тимот, тројца ракометари беа од пионерската екипа на Голден Арт, двајца од Аеродром, и по еден од Еурофарм Пелистер и од Куманово

Милош Стојановиќ, играчот на Аеродром е прогласен за МВП на пионерскиот Ф4, што беше уште едно признание за тимот што победи во финалето. Меѓу трите индивидуални наградени играчи се најдоа и Стефан Ѓоргиевски како најдобар стрелец (20 гола) и Марко Антоновски од Аеродором, како најдобар голман.

Во финалето на пионерскиот Ф4, екипата на Аеродром во драматичен финиш го победи Голден Арт со 21-20. Новиот пионерски првак, имаше водство од 18-10 но во самата завршница Голден Арт намали на 21-20. Остана малку време за евентуален пресврт, па Аеродром ја прославуваше титулата.

Во Ол стар тимот се најдоа тројца ракометари на Голден Арт,двајца од Аеродром и по еден од Куманово и од Еурофарм Пелистер.

Олстар теам – пионерски Ф4
голман- Лука Коцевски (Голден Арт)
лево крило – Марин Деспотовски (Голден Арт)
среден бек – Матеј Бојаџиски (Аеродром)
десен бек – Горазд Дамчевски ( Голден Арт)
лев бек – Борјан Благоев (Аеродром)
десно крило – Андреј Георгиев (Еурофарм Пелистер)
пикер – Христиојан Вуљичевски ( Куманово)

Драма во финалето: Пионерите на Аеродром се нови прваци на Македонија